Достапни линкови

Шефот на ОН на Косово предупреди на етнички тензии


Шефот на мисијата на Обединетите Нации на Косово Ламберто Заниер предупреди на влошените односи меѓу мнозинството албанци и малцинството срби на северот на Косово. Заниер зборувајки пред Советот за безбедност рече дека ситуацијата е тензична на северот на Косово и дека тоа може да ја загрози генерално стабилната состојба во земјата.
Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ, пак изјави дека Белград нема да ги охрабри србите да учествуваат на престојните избори на Косово.
Вршителот на должност шеф на косовската дипломатија, Влора Цитаку, пак побара од ОН да ги повикаат србите да излезат и да гласаат. Советот за безбедност, од своја страна, ја истакна важноста на изборите на Косово и го подржа преговарачкиот дијалог меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG