Достапни линкови

logo-print

Физички пресметки, употреба на оружје, малолетничка проституција... Однесувањето на младите, рефлексија на општествените случувања.

Пресметки со ножеви и тупаници, малолетнички нудат секс за пари, порнографски сеанси снимени со мобилен, ученици се пресметуват со наставниците и што ли уште не... За неполн месец се случија неколку настани во кои ученици се пресметуваа меѓу себе. Прво во велешкото средно хемиско училиште поголема група ученици се тепаа пред очите на директорката, потоа беше избоден со нож еден среднишколец во автобус додека се враќал од училиште, се до последниот настан кога навидум обична расправија меѓу навивачи на спортски ривали прерасна во тепачка, по што едниот заврши со убод од нож во срцето. После се, останува прашањето што се случува со младите во земјата?

Младината ,,талка" во девијација, виновни сите

Грешките се создаваат во мрак, но не е виновен оној што ги прави грешките туку тој што го создава мракот, одамна напишал Виктор Иго. Но, ако проблемот со однесувањето на младите се анализира подлабоко, тука за грешките се виновни сите, и семејството и општеството и училиштето, а и самите ученици. Но, учениците велат дека едвај успеваат да се концентираат на часот, сведоци се на тепачки на
консумирање дрога и алкохол. Но, досега никој не видел некој од сооченииците да носи оружје во ранец.

,,Незнам најискрено прв пат слушам дека некој ученик носи нож."

,,Има ученици што се однесуваат девијантно меѓутоа тие ученици најчесто не се самите виновни."

,,Обично никој не покажува ако носи нож, а не носат повеќето ученици."

,,Има ученици што носат дрога, например после часови или на голем одмор. Има и пијани што доаѓаат на час, на пример имаше една другарка на сред час по историја се фатија за коса, почнаа да се навредуваат."

Медиумите се преплавени со владини реклами со кои се повикуваат младите да не пушат, да не пијат, да не се дрогираат. Актуелната власт имаше обид да воведе изучување на религија во училиштата. Сега етика се изучува уште во основно. Државниот врв е присутен во црква на секој празник, ни еден камен темелник не поминува без присутво на свештени лица. Се пропагираат семејни вредности. Но, има ли резултат од сето тоа?!
На пример иако има забрана за продажба на алкохол на малолетници, сепак за прославата на Нова Година, имаше рекорден број на малолетници кои се предозирале со алкохол. А податоците покажуваат дека во последните години се зголемува и бројот на малолетници криминалци. Бројките покажуваат дека речиси секој 10 малолетник направиле никакво криминално дело. Во 2008-та една година пред да се започне емитувањето на кампањата за борба против злоупотребата на дроги „Животот е мојот филм“ имало 8.619 зависници, во наредната 2009 година, кога се емитуваше кампањата, имало 159 зависници повеќе. Нивниот број годинава е уште повеќе зголемен.

Општествените мерки само ,,фасада"

Мерките и активностите што ги презема општеството повеќе имаат фасадна улога, вели социологот Илија Ацески.

,,Она што се јавува во една формална, вербална смисла како етика, како морално образование дури би рекол дека постигнува обратни ефекти во ситуација, во систем каде што тие правила на тоа однесување се до тој степен руинирани да кај младите луѓе создава една обратна реакција, вие на некој начин проповедате некаков морал, некакво однесување кое што е во некакви морални граници, но од друга страна она што го гледаат во реалниот живот е сосема спротивно."

Првата детска амбасада во светот Меѓаши минатата година спроведе истражување на тема „Перцепција на децата за нивните права, дискриминацијата и насилството врз децата“. Истражувањето е спроведено во 41 основно и во 24 средни училишта во земјата. Податоците добиени од истражувањето покажуваат дека повеќе од 60 проценти од анкетираните над 2000 ученици одговориле дека е присутно насилството меѓу нив. Најчест облик на насилство е употреа на шлаканица, а потоа следуват употреба на вулгарни зборови и закани. Над 20 проценти од испитаниците одговориле дека лично удриле свој врсник. Катерина Конеска од Меѓаши вели дека насилството меѓу младите е се поприсутно како во училиштата, така и надвор од нив. Таа вели дека има повеќе причини за тоа.

,,Отсуството на комуникацијата меѓу децата и родителите, понатаму недоволната грижа за младите, недоволно нивно полезно ангажирање во слободното време и препуштеност на самите себе, доведува до агресија, осаменост и отуѓеност. Еден од факторите за насилно однесување е фактот дека родителите и децата се помалку време посветуваат за разговор, во училиштата децата не се чувствуваат дека некој води грижа за проблемите со кои се соочуваат."

Ефтим Пејоски директор на средното училиште „Михајло Пупин“ вели дека проблемот со девијантвното однесување на младите е сериозен проблем, кој бара сериозен пристап на разрешување.
Пејоски вели дека последните настани со насилство во кои беа инволвирани малолетници се опомена, која треба да ги мобилизира сите инволвирани страни да превземат нешто.

,
Однесувањето на младите, рефлексија на општествените случувања
,Практично, последните случаи покажуваат ментални кочници кај инволвираните во случаиите и тоа е она што посебно загрижува и на што треба да се работи интензивно. Ние сме преземале и сеуште се преземаат активности во делот на едукација, но сигурно тоа нема да е доволно, ако општеството не покаже желба, ако не покаже дека има заеднички приод во разрешување на овие проблеми."

И психијатарот и психоаналитичар Соња Алексиќ Вуковиќ смета дека на однесувањето на младите влијаат повеќе фактори и не може да се посочи само еден виновник.

,,Мора да има една мултидисциплинарност во превентивното делување, значи во поширока смисла на зборот, тука спаѓа и семејството и влијанието на врсниците и медиумските влијанија и наставниците. Значи, наставниците во училиштата се одговорни за воспитно образовната дејност."

Потребно вклучување на сите фактори

Од министерството за образование и наука велат дека неможе и не смее во 21-от век несогласувањата да се решаваат со насилство и нетрпеливост. Од министерството соопштуваат дека образовните институции во земјата се стремат да изградат младина со развиена демократска свест, со висок степен на толеранција и спремност за дијалог како начин за надминување на меѓусебните недоразбирања. Министерот за образование Никола Тодоров вели дека девијантното однесување на младите е поширок општествен проблем на кој сите институции треба да работат паралелно. Инцидентите што се случуваат се настани кои говорат за состојбата и однесувањето на младите, вели Тодоров.

,,Некои од младите веројатно за пример земаат лица што не треба да им бидат пример, лица коишто имаат сомнителни активности и веројатно тоа е причината што дел од младите се одлучуваат за ваков начин на функционирање."

Во дискотека...
Професорот Ацески вели дека однесувањето на младите го рефлектира општество во кое живееме. Младите се изложени на влијанието на медиумите, на потрошувачкота култура, во меѓуврем се распаѓаат традиционалните вредности култура, па така младите се наоѓаат во еден вакум простор, од нив се бара да се приспособат на едно ново време, а системот тоа не им го овозможува.

Катерина Конеска од ,,Меѓаши" вели дека мора со младите да се работи на превентивни програми и активности, но училиштата не секогаш успеваат во тоа.

,,Иако има психолози и педагози во училиштата тие се презафатени со обврските коишто ги имаат поради големиот број на ученици и малку работат со младите на ненасилна разработка на конфликти, на мировно образование и други ненасилни начини за разрешување на конфликти."

Директорот на средното училипте „Михајло Пупин“ вели дека мора стручните служби во учиштето во соработка со родителите да им помогнат на учениците полесно да го пребродат периодот на адолесценција:

,,Она што го чувстуваме, што им недостасува на нашите ученици е практично желбата, потребата, некој да ги ислуша. Отворени сме за разговор, притоа ставајќи го ученикот во улога на субјект, а не на предмет, на кој што нели се ќе му кажеме како треба и тој да ислуша и да си замине, туку напротив да го чуеме него."

Експерите сметаат дека решението е во тоа конечно да се признае реалноста дека насилството меѓу младите постои, а пота да се отвори една сеопфатна дебата во јавноста, во која се вклучени сите - граѓаните, медиумите и институциите. Но и да се придвижат некои работи во општеството, бидејќи младите гледаат агресија на секој чекор, агресивните успеваат, брзо се збогатуваат и во такви услови тој што е агресивен зема повеќе. Другите, кои не се навикнале на вака изменетите вредности, се маргинализираат и стануваат жртви. Па затоа е потребно отоврено да се дебатира и да се одговори на прашањето каде е иднината на младите. Упатените во оваа проблематика сметаат дека се додека отворено не му се спротистават на проблемот со проблематичното однесувае на младите, тој ќе постои, ќе се продлабочува и ќе станува посериозен.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG