Достапни линкови

Лукашенко негира дека е последниот диктатор во Европа



Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предвидува негова сигурна победа на општите избори во земјата на 19-ти декември. Во интервју за група германски новинари, Лукашенко оцени дека околу 70 насто од гласачите ќе се изјаснеле за него, а оти обединетата опозиција ќе добиела околу 1,5 насто. Лукашенко ги отфрли и обвинувањата дека е последниот диктатор во Европа. Ниту сум бил, ниту ќе бидам диктатор, изјави Лукашенко.
XS
SM
MD
LG