Достапни линкови

Офнер: ЕУ да ја подржи економски Македонија


Проблемите во Македонија, развојот, отворањето на нови работни места и подобрувањето во сите сектори можат да се решат во соработка со европските институции, смета претседателот на Европската бизнис асоцијација Гинтер Офнер.
- „Продолжете да ја поддржувате Македонија на нејзиниот пат кон Европа по примерот што го покажавте со Грција кога таа беше речиси готова да банкротира, а европската солидарност го спречи најлошото“, порача Офнер до ЕУ на денешното Годишно собрание на Европската бизнис асоцијација во Скопје.
На Собранието, Евроамбасадорот Ерван Фуере пред бизнис заедницата ги презентираше клучните забелешки од Извештајот на ЕК за подобрување на бизнис климата во Македонија.
XS
SM
MD
LG