Достапни линкови

Можна средба ЕУ - Иран за нуклеарната програма на Техеран


Шефот на дипломатијата на Европската Унија Кетрин Ештон, според дипломатски извори, предложила да се сретне со Саед Џалили главниот преговарач на Иран за нуклеарните прашања на 5 декември, во Швајцарија. Џалили пак понудил средба на на 23 Ноември или 5 декември во Истанбул.
Доколку дојде до средба, тоа ќе биде прв пат по едно годишна пауза Иран да преговара со западните сили за контроверзната нуклеарна програма. Иранскиот Претседател Махмуд Ахмадинеџад неодамна пак изјави дека Иран нема да преговара околу своето право да развива нуклеарна технологија.
XS
SM
MD
LG