Достапни линкови

Управниот Суд ја одби тужбата на Трендафил Ивановски


Управниот суд ја одби тужбата на поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски против Комисијата за верификација на фактите, која смета дека тој бил соработник на тајните служби.
Пресудата денеска преку курири им е доставена на Ивановски и на претседателот на Комисијата за лустрација Томе Аџиев.
Ивановски, кој е единствениот досега за кого Комисијата за лустрација потврди дека соработувал со тајните служби, најави дека ќе ја продолжи правната битка пред Врховниот суд, кој ќе треба да ја преиспита одлуката на Управниот суд, а ако е неопходно и пред Судот за човекови права во Стразбур. Тој тврди дека не бил соработник туку жртва на безбедносните служби, оти Комисијата за лустрација погрешно ја утврдила фактичката состојба и дека во досието за него има грешки и фалсификати.
XS
SM
MD
LG