Достапни линкови

Бомба во Косовска Митровица, нема повредени


Непознати лица рано изутрината фрлиле експлозивна направа, најверојатно рачна бомба, во населбата Бошњачка Махала во Косовска Митровица. Во инцидентот нема повредени, но е причинета материјална штета, портпарол на косовската полициска служба. Бомбата била фрлена врз гаража, чиј сопственик е косовски Србин, при што е оштетено патничкото возило кое се наоѓало внатре. Населбата Бошњачка Махала е една од неколкуте мешовити населби во Косовска Митровица, во која покрај Срби живеат и Албанци и припадници на други национални заедници.
XS
SM
MD
LG