Достапни линкови

ЕУ ја смирува нервозата од финансиската криза во Ирска


Најголемите економии на Европската Унија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Шпанија денеска се обидоа да ја смират нервозата на финансиските пазари поради кризата во Ирска, истакнувајки дека нема да бидат користени приватни пари за евентуална помош на таа земја. Министрите за финансии го пренесоа овој став преку заедничко соопштение на маргините на самитот на Г 20 во Сеул. Во светот расте загриженоста дека Ирска, како Грција, ќе бара меѓународен финансиски пакет за спас од евентуален банкрот.
XS
SM
MD
LG