Достапни линкови

Талибанците се виновни за нападот врз полициски оддел во Карачи


Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот на седиштето на анти-терористичка полициска единица во најголемиот пакистански град Карачи. Околу 15 луѓе загинаа, а 100 се повредени при вчерашната престрелка и експлозијата на камион бомба во оделот за истрага на криминал. Полицијата соопшти дека напаѓачите најпрвин отвориле оган, а потоа го поставиле камионот со експлозив во зградата, која се наоѓа во високо обезбедена зона во градот, каде е сместен и конзулатот на САД, како и неколку луксузни хотели и канцеларии на владата.
XS
SM
MD
LG