Достапни линкови

logo-print

20 години политичка демократија


За овој период од политичката демократија забележан е прогрес, но има уште многу предизвици.

Македонија одбележува 20 години од првите повеќе партиски избори. За овој период за власта политичката демократија бележи прогрес и тоа го констатирал и извештајот на Европската комисија. Опозцијата смета дека демокртските процеси се изведуваат со позабавено темпо и оти има видливи дефицити. Во очите на граѓаните закондавната власт е оценета со средна оценка:

,,Средната оценка на Собранието се движи околу 2,5% секогаш. Тоа остава можност за дополнителен напредок по интензивни контакти на пратениците со граѓаните и поголемо претставување на прашањата од секојдневниот живот."
Демократските процеси во Макеоднија се одвиваат со едно позабавено темпо и во тие рамки на парламентнарана демократија извршната власта успеа да и се наметне на законодавната и мислам дека Парламентот не успеа да ја извршува својата улога


изјави Владимир Мисев од Инстутутот за демократија. Собранието е позитивно оценето од релевантни фактори, но друго е прашњето колку напредокот е соодветен. Напрвени е исчекори и тоа го ислустрира промените во изборниот систен и напрвениот исчекор во однос на одговорноста на пратениците, вели Мисев. За Насер Зибери поранешен пратеник пак има повке примери кој покажуваат надмокност на извршната власт над законодавната. Ретки се случите кога Собранието само предлага законски решенија туку зависи од предлозите на владата, ретки се и случите кога предлог на владата е вратен на доработка или да се отфрли како неуставен а истите решенија потоа паѓаат на Уставен суд, посочува Зибери:

,,Демократските процеси во Макеоднија се одвиваат со едно позабавено темпо и во тие рамки на парламентнарана демократија извршната власта успеа да и се наметне на законодавната и мислам дека Парламентот не успеа да ја извршува својата улога."

Лидија Христова од Институтот за политичко правни истражувања оценува дека за овој период од 20 години државата помина голем дел од патот со постигнати значајни резултати во сите сфери. Македонија се вбројува во модерните парламенатарни демокартиија, оценува Христова:

,,Изодевме сите заедно, мислам и на политичките партии и на здруженијата и на граѓаните, еден голем дел од патот на остварување на либералната демократија впрочем создадовме и сопствена држава. Денеска Македонија е предвраттите на ЕУ."

Но, доколку направиме споредба со други транзициски општества таа констатира дека земјава не спага во поуспешните транзициски приказни:

,,Напротив голем дел од граѓаните нашата транзиција ја перцепираат како болна и долга транзиција."

Од овој аспект таа смета оти очиглдно дека пред државата стојат сериозни предизвици на социјално еконосмки план.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG