Достапни линкови

Експлодира автомобил бомба во Пакистан,15 мртви


Пакистанските власти соопштија дека при експлозија на моќна бомба во центарот на најголемиот град во Пакистан загинале најмалку 15 лица, а ранети се над 30. Според полициските извештаи бомбата експлодирала пред главната зграда на полицискиот оддел за истраги во Карачи. Зградата се наоѓа во високо обезбедуван дел од градот во близина на американскиот конзулат.
Пакистан се бори со исламистичките милитанти кои се поврзани со Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG