Достапни линкови

Заниер: Состојбата во Косово е „ замрзнат конфликт“


Шефот на УНМИК, Ламберто Заниер денеска во Белград изјави дека состојбата на Косово личи на „замрзнат конфликт“, а северниот дел на земјата каде што мнозинството од населението се Срби е „најголемиот предизвик“.
Тој додаде дека УНМИК спроведува важната политичка мисија на Косово за постигнување мир и стабилност. Заниер смета дека ставот на судот во Хаг немал големо влијание врз Советот за безбедност, и дека ОН ќе ги поддржат дирекните разговори меѓу Белград и Приштина.
XS
SM
MD
LG