Достапни линкови

logo-print

Клинтон вети дека ќе тргнат напред мировните преговори на Блискиот Исток


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон, вети дека ќе го најде „ патот напред“ во блокираните мировни преговори на Блискиот Исток. Клинтон денеска се сретна со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху. САД ги критикуваше израелските планови за изградба на 1 300 домови за еврејски семејства во источниот дел на Ерусалим. Објавувањето на израелските планови го потикнаа палестинскиот претседател Махмуд Абас да побара од Советот за безбедност во Обединеттите Нации итно да закаже расправа за изградбата на израелската населба.
XS
SM
MD
LG