Достапни линкови

Фуере: Извештајот има конкретни укажувања за доплнителни напори


Извештајот од Европската Комисија е објективна оценка за напредокот на Македонија и истиот посебно Владата внимателно да го разгледа затоа што во себе содржи јасно укажување во кои области треба да се вложат дополнителни напори за исполнување на реформите. Ова го изјави евроамбасадорор Ерван Фуере по средбата со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Во соопштението на СДСМ е наведено дека Европската Унија ќе продолжи да го охрабрува процесот на исполнување на реформите и Фуере очекува дека СДСМ ќе продолжи да има конструктивна улога на тој план.
Црвенковски изјавил дека во годинешниот извештај се посочени истите проблематични области како и минатата година и посочени се нови кои досега не биле спомнати во досегашните извештаи.
XS
SM
MD
LG