Достапни линкови

Христијанка осудена на смртна казна поради богохулење во Пакистан


Во локален суд во Пакистан, една хистијанка е осудена на смрт под обвинение за богохулство, односно една муслиманка ја обвинила дека кажала навредливи зборови за муслиманскиот пророк Мухамед. Пресудата за 45 годиншната Асиа Биби, според која таа треба да биде обесена, според пакистанкиот кривичен законик треба прво да биде потврдена од повисока судска инстуција во Лахоре. Активистите за човекови права бараат смртната казана за богохулење да биде отстранета од кривичниот законик и обвинуват дека со оваа казна се охрабрува исламскиот екстремизам.
XS
SM
MD
LG