Достапни линкови

Иванов во посета на Авганистан


Македонскиот претседателот Ѓорге Иванов денеска во Кабул се сретна со највисокиот цивилен претставник на НАТО во таа држава, амбасадорот Марк Седвил и со генералот Дејвид Петреус, командантот на ИСАФ. На средбите со нив разговарал за постигнувањата и придонесот на македонските војници во мисијата ИСАФ. По сребата со нив , Иванов ги посетил и македонските мировници. Тој изјави дека иако Македонија не е член на НАТО, со учеството во мисиите покажува дека ги исполнува сите обврски и се однесува како и сите земји членки на НАТО. Во мисијата ИСАФ Македонија учествува со 242 војници, распоредени во четири поголеми контингенти.
XS
SM
MD
LG