Достапни линкови

Двоен агент помогнал да се разбие руска шпионска мрежа во САД


Двоен агент е заслужен за откривањето на руските шпиони во САД летоска, објавува рускиот весник Комерсант. Весникот наведува дека двојниот агент именуван како Шчербаков, кој бил полковник во руските разузнавачки служби имал задача да формира руска цивилна шпионска мрежа во САД, но истовремено работел и за американските служби. Според Комерсант, Шчербаков,избегал од Русија во САД, неколку дена пред ФБИ да ги уапси руските шпиони на американска територија. Се уште нема потврда за овие информации од руската разузнавачка служба. Десеттемина руски шпиони, кратко по апсењето во САД, беа разменети за четворица американски шпиони затворени во Русија.
XS
SM
MD
LG