Достапни линкови

Вооружена пресметка во Дагестан, 6 полицајци загинале


Руските власти соопштија дека најмалку 6 полицајци и четворица осомничени милитансти загинаа при вооружена пресметка денеска во главниот град на Дагестан. Полицискиот потпарол Вјачеслав Гасанов соопшти дека осомничените милитанти киднапирале полициско возило и убиеле двајца полицајци.При вооружената пресметка загинале вкупно 6 полицајци, а 6 други се ранети.Тој додаде дека киднапираното возило експлодирало откако полицијата ги опколила напаѓачите и возвратила на огнот.
XS
SM
MD
LG