Достапни линкови

Претепаниот руски новинар се разбуди од кома


Руските доктори соопштија дека новинарот Олег Кашин кој минатата недела беше донесен во болница во тешка здравствена состојба, се разбуди од кома. Минатата недела новинарот на „Комерасант“ беше нападнат и претепан. Снимки за кои се претпоставува дека се од нападот пред домот на новинарот беа емитувани на неколку локални телевизиски и интернет медиуми и предизвикаа негативна јавна реакција. Подржувачите на Кашин планират денеска да оддржат протест во Москва и да барат стотителите на делото да бидат приведени и казнети.
XS
SM
MD
LG