Достапни линкови

Утре во ОН ќе се разгледува извештајот на Бан Ки Мун за Косово


Советот за безбедност на Обединетите Нации утре во Њујорк ќе го разгледува последниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун за состојбата во Косово. Претставник на Србите ќе биде српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ а се уште не е потврдено дали на седницата ќе присуствува претставник на косовката влада. Бан Ки Мун во извештајот ја поздравува најавата за почеток на дијалог меѓу Белград и Приштина оценувајќи дека со тоа ќе се отвори нова фаза во односите на двете земји со што ќе се зацврсти мирот и стабилизацијата на регионот.Тој воедно ја понуди и поддршката на ОН во преговарачкиот процес кој ги предводи ЕУ.
XS
SM
MD
LG