Достапни линкови

Отунбаева ја повика Социјадемократската партија да формира влада


Киргистанската претседателка Роза Отунбаева ја повика Социјалдемократската партија да формира коалициона Влада. Потпаролот на претседателката Султан Каназаров изјави дека денеска Отунбаева му го даде мандатот на лидерот на социјалдемократската партија Алмазбек Атамбаев да формира коалиција во Парламентот.Според уставот во наредните 15 дена треба да биде формирана Влада. Овој потег следува по вчерашната прва одржана седница на Парламентот по еден месец од завршувањето на изборите.
XS
SM
MD
LG