Достапни линкови

logo-print

Балканот се уште е тензичен


Етничките тензии во Босна и Херцеговина, односите меѓу Србија и Косово како и неможноста на Maкедонија да се зачлени во НАТО и ЕУ поради проблемот со името, се трите прашања кои можат да ја нарушта стабилизацијата се заклучува во заедничката анализа на поранешниот шеф на УНМИК за Косово, Сорен Јесен Петерсен и Даниел Сервер од Институтот за мир во Вашингтон, објавена во денешниот „Њујорк Тајмс“. Тие предупредуваат дека постои опасност од промена на границите на Балканот. Во делот за Македонија во анализата се објаснува дека без членство во НАТО за кое е подготвена и без сериозни изгледи за почеток на преговори со ЕУ ќе се соочи со тежок период затоа што, тоа се перспективи кои ги спречуваат етничките групи во земјата да влезат во конфликт .Како што е наведено во нивната анализа, Брисел и Вашингтон треба да инсиистиратт Грција да дозволи земјата да стане членка на НАТО под името „ПЈРМ“ а Скопје понатаму да даде сигнал дека ќе прифати име со географска одредница со што понатаму ќе добие датум за преговорои со ЕУ .
XS
SM
MD
LG