Достапни линкови

Скратени средства за одбраната, намален број на војници во мисиите - лош сигнал за евроатлантските интеграции!?

Дали намалениот обем на средства за одбраната во буџетот, го доведува во прашање и учеството на нашите војници во мировните мисии надвор од земјата? Неодамна министерот за одбрана Зоран Коњановски најави намалување на бројот на војници во Авганистан, а ова според упатените е знак дека евроатланските интеграции не се приоритет на оваа влада.
Пристапот тактички е лош затоа што ние не смееме и неможеме да пркосиме сега затоа што не сме членка на НАТО, како на еден начин да им даваме сигнал дека НАТО нешто не прави за нас, тоа значи дека ние треба да им дадеме сигнал дека сега тие треба да се ангажираат повеќе.


„Пристапот тактички е лош затоа што ние не смееме и не можеме да пркосиме сега затоа што не сме членка на НАТО, како на еден начин да им даваме сигнал дека НАТО нешто не прави за нас, тоа значи дека ние треба да им дадеме сигнал дека сега тие треба да се ангажираат повеќе“, изјави Исмет Рамадани од Евроатланскиот сојуз.

Македонија ќе продолжи со учеството во меѓународните мировни мисии. Намалувањето на бројот на нашите војници во Авганистан е поврзано со истекот на рокот на мисијата таму, а не со намалениот обем на средства за одбраната во државната каса, појаснува заменик министерот за одбрана Емил Димитриев.

„Уште пред да биде испратен овој контингент, беше договорено дека оваа мисија ќе трае девет месеци и дека по завршувањето на деветиот месец, ние ќе го завршиме тоа учество.“

Министерот за одбрана Зоран Коњановски во посета на македонските војници во Авганистан, во април годинава за Велигден

Ова, посочува Димитриев, не го загрозува нашето членство во НАТО, ниту пак соработката со Алијансата.
Уште пред да биде испратен овој контингент, беше договорено дека оваа мисија ќе трае девет месеци и дека по завршувањето на деветиот месец, ние ќе го завршиме тоа
учество.

„Тие се информирани за ова и ниту од нивна страна немаме добиено таков впечаток дека на тоа се гледа како на менувањето на политиката на Министерството и Владата и ние ќе го задржиме учеството со четата, медицинските тимови и инструкторските тимови во Кабул.“

Токму учеството на земјата во мировните мисии неколкупати досега беше посочувано како позитивен пример за намерите на државата да биде дел од Алијансата. Според експертите, и симболичното учество во одредена мисија дава јасна порака за политиката што во оваа насока ја води државата.

„Бројот, силата на контингентот не е пресуден за оценка на успешноста на мисиите“, вели професор Трајан Гоцевски.

Инаку денеска, шефот на државата Ѓорге Иванов ќе ги посети македонските мировници распоредени во мисијата ИСАФ во Авганистан. Во моментов Република Македонија во ИСАФ учествува со 242 војници, распоредени во четири поголеми контингенти. Досега во оваа мисија учествувале повеќе од 1.500 македонски војници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG