Достапни линкови

logo-print

Борбата на бугарските власти со криминалот во ќорсокак


Борбата на бугарските власти со организираниот криминал е во ќорсокак, пишува „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека кога премиерот Бојко Борисов дошол на власт ветил дека ќе се справи со организираниот криминал, но оти таквото ветување не може да го оствари поради слабостите на бугарскиот судски систем.
„Њујорк тајмс“ се осврнува на ослободителните предсуди за Златомир Иванов Барета кој беше осомничен дека е шеф на криминалната група и на браќата Галеви. Тројцата се ослободени од опбвиненијата иако се товареа за раководење со криминална група вмешана во измами, рекет и уцени.
Весникот наведува оти и криминалците се вознемирени од намерите на Борисов да се справи со организираниот криминал и дека криминална група понудила награда од 400.000 евра за ликвидација на Борисов
XS
SM
MD
LG