Достапни линкови

logo-print

ЕУ ја награди регионалната соработка


Гералд Кнаус

Гералд Кнаус

На Балканот е наградена региооналната соработка и конструктивност. Ова за Радио Слободна Европа го изјави Гералд Кнаус од Иницјативата за европска стабилност укажувајќи на Србија. Странските експерти сметаат и дека е тешко да се постигне успех во реформите на јавната администрација, борбата против корупцијата и правосудството поради политичките интереси на кои тоа не им одговара.


ЕУ, според Директорот на Иницјативата за европска стабилност Гералд Кнаус демонстрирала добра волја оценувајки ја позитивно регионалната соработка и поради тоа што тоа е полесно да се оцени.
Кнаус тука пред се мисли на растечките српско-хрватски односи и на конструктивноста на Белград во однос на Косово. Србија на пример го менува односот и спрема Косово.
Кнаус вели - гледајте дека српската делегација не ја напушта седницата на Светската Банка или на ММФ кога Косово стана членка на овие организации. Да не беше таквиот пристап на Белград, тој смета дека извештајот за Србија не би бил изгледал така како што изгледа. А како според него изгледа иднината на процесот?

„Сметам дека од клучна важност е сега од овие извештаи да се поместиме кон вистински пристапен процес. Што побргу земјите кандидати влезат во скрининг процесот тоа побргу ке ги исполнуваат реформите.“

На Балканот тешко му одат реформите?

Проблемот е што само на Балканот е тешко да се постигне успех во реформите на јавната администрација, борбата против корупцијата и правосудството поради политичките интереси на кои тоа не им одговара, вели директорот Кнаус.
Како и да е Црна Гора добива статус на земја кандидат, Србија е во позитивно движење напред, а според македонскиот аналитичар професор Ризван Сулејмани политиката на Европската унија се менува и го напушта концептот на проширување во пакет и се промовира концептот на лидерство во групата, а во таа насока погледите се вперени кон Србија.

„Таа тенденција на лидерство во групата се повеќе сака да го преземе Србија, затоа што на некој начин тоа е одобрено и од ЕУ и од САД.“

Александра Стиглмајер

Од друга страна Македонија и Босна остануваат во статус кво ситуација поради проблемот со името Скопје - Атина и босанските поделби. ЕУ, сепак, не била великодушна во вчера објавените извештаи, смета Александра Стиглмајер од Иницјативата за европска стабилност.

„Европската комисија се потпре на чувстото на замореност и во својот пристап беше теснограда. Пример. Црна Гора оствари најголем прогрес. Комисијата вчера и даде статус на кандидат, но сепак не и додели датум за преговори. Да дадеше датум ке беше одличен сигнал за цел регион“,

вели Стиглмајер.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG