Достапни линкови

Грција речиси ја исполни целта за намален буџетски дефицит


Грчкиот министер за финанси Јоргос Папаконстантину изјави дека неговата земја за малку не успеа да ја постигне зацртаната цел - да го намали огромниот буџетски дефицит за периодот јануари-октомври.
Дефицитот во 10-месечниот период изнесува 17,4 милијарди евра, што е за повеќе од седум милијарди евра помалку од 24,8 милијарди евра во истиот период минатата година.
Падот е за 30 проценти, место поставената цел од 32 отсто. ПАСОК се обидува да ги зголеми приходите во буџетот во услови на рецесија и спроведува рестриктивна економска програма, според која, во следните три години ќе добие меѓународна финансиска помош во износ од 110 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG