Достапни линкови

logo-print

Обама и Медведев на одделни средби со Џинтао


Американскиот и рускиот претседател, Барак Обама и Дмитриј Медведев, според најавите, денеска ќе одржат одделни средби со кинескиот претседател Ху Џинтао, за време на самитот на Г-20 во главниот град на Јужна Кореја, Сеул.
Домаќинот Јужна Кореја соопшти дека преговарачите од 20 светски економии остануваат со дијаметрално спротивни ставови за тоа како да се надмине нерамнотежата меѓу забрзаниот раст на кинеската економија и бавното опоравување на САД од светската економска криза.
Главните разлики меѓу државите се однесуваат на курсот на валутите и висината на буџетските дефицити.
XS
SM
MD
LG