Достапни линкови

Клинтон-Нетанјаху за блискоисточниот мировен процес


Американската државна секретарка Хилари Клинтон денеска во Њујорк треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да разговараат за блискоисточниот мировен процес.
Израелско-палестинските мировни преговори дојдоа во ќорсокак откако Израел одби да забрани градење во доселеничките населби на окупираните територии. Стопирањето на градбите е услов од Палестинците да продолжат да преговараат.
САД смета дека градењето нови домови за Евреите во доселеничките населби е контрапродуктивно.
XS
SM
MD
LG