Достапни линкови

Авганистански војник им помогнал на Талибанците да извршат напад


Авганистанските власти соопштија дека еден авганистански војник кој е поврзан со Талибанците им помогнал на милитантите да го извршат нападот при кој загинале најмалку 7 полицајци. Во продолжение на соопштението се вели дека војникот побегнал заедно со милитантите. Во северната провинција Кондуз беа убиени во заседа четворица авганистански полицајци а остантите загинаа при бомбашки напад. Во меѓувреме НАТО потврди дека загинале тројца припадници на коалициската мисија а властите дополнително соопштија дека денеска при експлозија на бомба најмалку 10 цивили се ранети во градот Џалалабад.
XS
SM
MD
LG