Достапни линкови

Македонија и го предаде на Турција претседавањето со Комитетот на министри на СЕ


Mакедонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски на турскиот колега Ахмет Давутоглу симболично му го предаде клучот, кој го означува претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа.
На денешниот состанок на Комитетот на министрите на СЕ, покрај примопредавањето на претседавањето, на дневен ред е и прашањето за напредокот во спроведувањето на активностите на работната група за реформа на Европскиот суд за човекови права која е воспоставена во рамките на таканаречениот процес од Интерлакен.
XS
SM
MD
LG