Достапни линкови

Семејството Кочоски во пожар ја изгуби куќата


Семејството Кочоски остана без покрив над главата
Семејството Кочоски остана без покрив над главата

Семејството Кочоски од Бела Црвка, прилепско, бара помош, откако гром им ја изгоре куќата и ги остави без покрив над главата во пресрет на зимата.

Четириесет и едногодишниот Рубин Кочоски од прилепското село Бела Црква маки мачи како да ја обезбеди егзистенцијата за своето семејство и сигурен покрив, откако гром ја пеплоса неговата двокатна куќа. Изгоре и куќата и покуќнината, се што неговите родители и тој со сопругата Оливера печалеле со децении. Но, сепак вели среќни се што при електричното празнење, кое се случило во собата каде што спиел 18 годишниот син, никој не е повреден. Кобното утро сите спиеле, кога силен татнеж, кој им личел на експлозија од атомска
Се случи како нешто, атомска бомба и се исплашивме така, мислевме некаде во близина е, па видовме одма и детево свика, тука спиеше во собата веднаш до нас, кога отворивме внатре имаше пламен, гореше, чад полно и тој беше исплашен многу.
бомба ги разбудил. Но, се надевале дека ударот се случил во близина на нивната куќа. Кога го чуле повикот на исплашениот син и чадот и пламенот што излегувал од неговата соба, станале свесни, што се случило.

„Се случи како нешто, атомска бомба и се исплашивме така, мислевме некаде во близина е, па видовме одма и детево свика, тука спиеше во собата веднаш до нас, кога отворивме внатре имаше пламен, гореше, чад полно и тој беше исплашен многу“, вели Рубин Кочоски.

Притрчале соседите на помош. Неуморно, еден час со кофи и црева се бореле со огнената стихија, но
попусто. Кога по еден час, од градот стигнале двете цистерни со пожарникарите, било многу доцна. Од покуќнината останал само пепел и јагленосани греди од таванот. На горниот кат, нема никакви остатоци од мебел, останале само ѕидовите.

„Па се изгоре - од алишта, од намештај, од бела техника, од се, од се изгоре, се“, се жали немоќна сопругата Оливера Кочоска.

Таа упатува апел до сите хумани луѓе, фирми и институции да им помогнат, за да ја преживеат оваа несреќа, која за миг го уништи нивниот труд и мака. Бидејќи сите се невработени и живеат само од земјоделство, се
Па се изгоре -од алишта, од намештај, од бела техника, од се, од се изгоре, се.
надевале дека годинава ќе го предадат родот тежок 1000 килограми, но за миг од балите со тутун, не остана ништо.

„Праќаме апел и до државата да ни помогне, оти ние немаме ништо, децава треба да ги запреме, да не ги школуваме, едното ни е на факултет, другото средно, тие нема од што да се школуваат?! Немаме ништо, ни плата, ни пензија, ништо, ништо“, моли Оливера.

Децата времено се згрижени кај соседите, кои срдечно ја отвориле вратата од нивниот дом, за да им дадат засолниште во првите часови по несреќата. Но, Кочоски не знаат што ќе прават натаму. Како ќе ја презимат зимата, студот што ги чека, под отворено небо, без денар за живот. Исплашени и немоќни, тие единствено се надеваат дека добрите луѓе ќе им помогнат, барем да го адаптираат првиот кат од куќата, за да презимат.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG