Достапни линкови

logo-print

Ердоган: На ЕУ и треба Турција да и биде мост со муслиманскиот свет


Европската Унија нема да биде глобален фактор додека Турција не стане нејзина членка, затоа што кога земјта ќе стане членка на Унијата таа ќе биде мост меѓу Унијата и 1,5 милијарди муслимани. Ова го изјави денеска турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во интервју за француската телевизија „Франс 24“. Тој додаде дека ЕУ веројатно одбегнува таква можност и ја обвини Унијата дека ги блокира евроинтеграциите со менување на правилата за приклучување. Овој став следува по вчерашното објавување на извешатојот на Европската Комисија за напредокот на Турција во кој се содржат критики до Анкара во врска со слободата на говорот, човечките права и односите со Кипар.
XS
SM
MD
LG