Достапни линкови

Протести во Лондон поради покачувањето на школарината


Десетици илјади демонстрансти маршираа денеска во ценатрот на Лондон поради зголемувањето на студентската школарина за три пати како владина мерка за штедење. Организаторите на протестот велат дека на улиците излегле над 50 илјади луѓе кои ги подржуваат во барањата да не се зголеми школарината која по новата цена ќе треба да изнесува 9 илјади фунти односно 14 илјади долари годишно.За време на протестот револтирани демонстранти со камења искршиле неколку прозорци на седиштето на Конзервативната партија. Британската либерално демократска партија која е дел од владината коалиција, за време на изборната кампања вети дека школарината ќе биде намалена.
XS
SM
MD
LG