Достапни линкови

Извештајот на ЕК со критики за слободата на говорот, притисоците врз медиумите, судските процеси против новинари...

Причината за критиките за слободата на говор во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија на патот кон Унијата експертите ја гледаат во недостигот од демократски капацитет во земјава. Во извештајот се вели дека медиумите немаат механизам за саморегулација за мониторинг на професионалните стандарди кои треба да се спроведуваат. Има и загриженост за
Сите влади се обидуваат не некаков начин да имаат влијание врз медиумите токму поради слободата на говорот, односно на медиумите, на новинарите кои го креираат јавното мислење, а со тоа и нивниот
рејтинг.
обвинувањата на одделни новинари за клевета и навреда кои се товарат со тешки парични казни, а сериозен проблем е и заплашувањето на новинарите кои се соочуваат со политички притисоци и закани. Газменд Ајдини од Здружението на новинари вели дека извештајот ја отсликува реалната ситуација во која се наоѓаат медиумите.

Европскиот извештај со критики за притисоците врз медиумите

„Сите влади се обидуваат не некаков начин да имаат влијание врз медиумите токму поради слободата на говорот, односно на медиумите, на новинарите кои го креираат јавното мислење, а со тоа и нивниот рејтинг.“

Професорот Весна Шопар вели дека проблемот е во законите кои се само на хартија, бидејќи не се спроведуваат и почитуваат во пракса.

„Медиумите се силно средство за контрола на власта, меѓу другото, што прави и како прави и за влијание врз формирањето на јавното мислење. Очигледно дека со сите овие мерки, настапи тоа е спротивно, односно не се сака да имаме вистинска демократија во оваа сфера.“

Директорот на Македонскиот институт за медиуми, Билјана Петковска вели дека во споредба со минатиот извештај, оваа област е подетално образложена, бидејќи не бележи никаков прогрес. Според неа во последно време има иницијативи од новинарите за промени во медиумите.

Медиумите се силно средство за контрола на власта меѓудругото. Очигледно дека со сите овие мерки, настапи тоа е спротивно, односно не се сака да имаме вистинска демократија во оваа сфера.
Новинарско востание - Протест на новинарите на 8 септември годинава

„Кој што за жал се уште се далеку од некаков реален, позитивен исход, но барем има некакви придвижувања кои се иницирани од страна на новинарската заедница и се во функција на надминување на проблемите со кои што тие всушност и на дневна основа се соочуваат.“

Шопар вели дека има излез од ваквата состојба на медиумите.

„Да не се сведеме на ситуацијата од дамнешни времиња кога печатот прв ја извојува таа битка, први тие се појавија на сцена нели. Медиумите ќе треба повторно кај нас да ја бијат таа битка, а тоа во превод мислам дека значи, време.“

Од Институтот велат дека загрижува и забелешката во извештајот за пропустите за имплементацијата на регулативата за аудиовизуелната политика во делот на радиодифузијата, бидејќи таа влијае врз функционирањето на медиумите, а има одраз и врз новинарите. Во извештајот се вели дека на јавниот сервис и Советот за радиодифузија треба да им се обезбеди постојан извор на финансии, бидејќи врз нив има силно влијание на економски и политички интереси.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG