Достапни линкови

logo-print

МНР очекува датум за преговори до крајот на годинава


Македонското министертво за надворешни работи очекува дека до крајот на годинава Европскиот Совет ќе ја претвори препораката на Европската Комисија во одлука за отпочнување на преговори за членство на земјава во ЕУ. Во соопштението е наведено дека билатералните прашања не треба да го држат во заложништво проширувањето на Унијата и пристапниот процес. Во писмената реакција се вели дека во однос на спорот со името со Грција, Македонија очекува и другата страна активно и конструктивно да придонесе во преговорите за да се изнајде заедничко прифатливо решение.
XS
SM
MD
LG