Достапни линкови

Ромпеј повика на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ


Претседателот на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпеј ги повика земјите на Европската Унија да ги примат во членство и државите од Западен Балкан. Во говорот во Берлин пред европски и германски политичари, Ромпеј исто така ги повика про-европските влади во земјите од Западниот Балкан да не го губат ентузијазмот, оценувајки дека нивното влегување во Европската Унија ќе значи крај војните во долгата историја на Европа. Тој ја нагласи дека сите земји што сега се членки на Европската Унија имаат искуства со големи превирања, како војните меѓу Франција и Германија, Втората Светска Војна, воените диктатури во Шпанија и Грција, како и комунистичките режими во најновите земји членки.
XS
SM
MD
LG