Достапни линкови

Ахмадиниџад е за преговори, но условува


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџат денеска изјави дека иранците нема да преговараат со никого за нивните основни права и оти новите преговори со Западот мора да бидат на рамноправно ниво. Во говорот во градот Казвин, пренесуван на државната телевизија, Ахмадинеџат додаде дека преговорите мора да бидат водени правично и со респект. Инаку, вчера Иран ги информира 6-те големи сили дека е подготвен за преговори на 23-ти ноември или 5-ти декември во Истанбул.
XS
SM
MD
LG