Достапни линкови

Завршува претседавањето на Македонија во СЕ


Република Македонија денеска во Стразбур ќе го предаде претседавањето во Комитетот на министри на Советот на Европа на идниот претседавач Турција. Примопредавањето ќе се изврши на 1097-от состанок на Комитетот, со што Македонија ќе го заврши шестмесечното претседавање со раководниот орган на најстарата пан-европска организација за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на претседавач ќе се осврне на активностите и настаните кои македонското претседателство ги реализираше во изминатиот период.
XS
SM
MD
LG