Достапни линкови

logo-print

Шведска ќе ги врати српските „азиланти“


Српските државјани чии барања за азил во Шведска биле неосновани ќе бидат вратени во Србија по скратена постапка, изјави шведскиот министер за миграции и политички азил Тобијас Билстром. Во телефонскиот разговор со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, тој истакна дека Шведска ја смета Србија како демократска земја, па затоа барањата за азил се несоновани. Билстром нагласи дека Шведска ги поддржува визната либерализација и европскиот пат на Србија, додавајќи оти проблемот со лажните азиланти нема да го загрози шведскиот став за тие прашања.
XS
SM
MD
LG