Достапни линкови

logo-print

Регионална конференција за трговија со луѓе


Денеска во Белград почнува регионална конференција посветена на борбата против трговијата со луѓе, на која ќе учествуваат експерти од земјите од поранешна Југославија. Во соопштението од организаторот на собирот се наведува дека балканските држави често се транзитна, но и крајна дестинација на жртвите на трговијата, дека има голем број жртви кои се префрлени во други земји, како и тие со кои се тргува во национални рамки. Најчести жртви на овој вид криминал се луѓе што бараат работа, а кои во земјите во транзиција не се малку, особено под притисок на светската економска криза, се вели во соопштението.
XS
SM
MD
LG