Достапни линкови

Законот на Саркози мина и во Уставниот совет


Францускиот Уставен совет го потврди предлог законот на претседателот Никола Саркози што се однесува на пензионирањето, откако неодамна беше усвоен и од парламентот. Со тоа е отстранета и последната пречка на реформите со кои за две години се зголемува минималната возраст за одење во пензија. Саркози во наредните денови ќе го потпише предлогот со што тој ќе стане закон. Во протестите против реформите во последните неколку месеци учествуваа околу три милиони луѓе, а нивниот интензитет опадна по изгласувањето на предлогот во парламентот.
XS
SM
MD
LG