Достапни линкови

logo-print

Иран предлага обновување на „нуклеарните“ преговори


Иран официјално и предложил на високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон можни датуми за обновување на „нуклеарните“ преговори, соопшти портпаролот на американскиот Стејт департмент Филип Кроули. Според него, иранските преговарачи се подготвени за состанок во Турција, на крајот од овој или на почетокот од идниот месец. Германија, Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија во наредните два дена ќе се консултираат во врска со овој предлог на Техеран. Претходно овие шест земји предложија ваков собир да биде одржан идната недела во Виена, каде што би се разговарало за иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG