Достапни линкови

logo-print

Завршува посетата на Обама на Индонезија


Американскиот претседател Барак Обама призна дека и покрај одредениот напредок, односите на САД со исламскиот свет остануваат проблематични. Во говорот на Универзитетот во главниот град на Индонезија, Џакарта, тој ги повика сите страни од фазата на сомневање и недоверба да тргнат кон создавање заеднички фронт против насилниот екстремизам. Обама претходно ја посети џамијата Истигал, најголема во југоисточна Азија. Во текот на денов тој ја завршува посетата на Индонезија и заминува за Јужна Кореја, каде што ќе учествува на самитот на Г20.
XS
SM
MD
LG