Достапни линкови

logo-print

Колера и во главниот град на Хаити


Епидемијата на колера која во минатиот месец го погоди Хаити, дојде до главниот град и стана прашање на националната безбедност, изјави претставник на министерството за здравство. Според него, на Хаити од колера досега умреле повеќе од 580 лица, а околу 9 илјади се заразени и хоспитализирани. Првите регистрирани случаи во Порт о Пренс се во камповите каде што се сместени загрозените од катастрофалниот земјотрес од почетокот на годинава, во кои хигиенските услови се многу лоши.
XS
SM
MD
LG