Достапни линкови

logo-print

ЕК ја преудпреди Турција за водењето на надворешната политика


Европската Комисија ја предупреди Турција денеска дека треба да ја координира својата надворешна политика со Европската Унија. Ова доаѓа откако Турција им се спротивстави на ЕУ и САД во јуни со гласањето против санкциите за Иран поради контроверзната нуклеарна програма. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека учеството на Анкара во кипарското прашање влијае врз поделеноста на етничките Турци и етничките Грци и тоа е една од прилините за забавувањето на кандидатурата на Турција.Тој додаде дека сега е потребно Турција итно да ги исполни обврските за целосна и недискириминаторска имплементација на Дополнителниот протокол кон спогодбата за асоцијација и да направи напредок кон нормализирање на билатералните односи со Кипар.
XS
SM
MD
LG