Достапни линкови

Судството и борбата со корупција главни забелешки во Извештајот


Македонија остварила напредок во исполнувањето на политичките критериуми во процесот на евроинтеграција на земјата, но заостанува во спроведувањето на реформите во судството и борбата против корупција.Ова се дел до оценките во Извешатјот за напредокот на Македонија од Европската Комисија. Препораката за почеток на преговори ќе остане отворена изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе. Во однос на билатералната соработка со Грција, Европската Комисија препорачува Македонија да избегнува постапки и изјави со кои негативно ќе влијае врз спорот со името.Кога станува збор за демократија и владење на правото постигнат е одреден напредок во реформите но потребни се значајни додадатни напори за да се осигура транспарентност, професионалност и независност на институциите. Во извештајот се изразува загриженост поради политичкиот притисок врз судството, мешањето на извршната власт во одлуките на судововите како и долгото трање на судските процеси.
XS
SM
MD
LG