Достапни линкови

Кодекс за однесување потпишаа најголемите приватни агенции за обезбедување во светот


Најголемите приватни агенции за обезбедување во светот, денеска во Женева потпишаа кодекс на однесување, кој е подржан од САД и од Велика Британија. Дел од агенциите што го потпишаа кодексот работат и во Авганистан.
Кодексот има за цел да ги спречи злоупотребите и да го заузда непотребното насилство во конфликтните подрачја. Според кодексот, вработените во агенциите за обезбедување нема да се повикуваат на договорни обврски и наредби од „повисоко ниво“ во конфликтните подрачја за да оправдаат криминал, убиства, мачење, киднапирања, притворања или егзекуции. Агенциите се обврзаа дека нивните вработени нема да користат огнено оружје, освен во самоодбрана.
Авганистанската влада претходно забрани во земјата да работат приватни агенции за обезбедување.
XS
SM
MD
LG