Достапни линкови

Иванов: Грчкиот предлог„ Ерга Омнес“ не е реална основа за решение


Грчкиот предлог за име за севкупна употреба „ерга омнес“ не е реална основа за решавање на грчко-македонскиот спор за името. Ова го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов во интервјуто за грчкиот Институт ЕЛИАМЕП објавено на нивната интернет страница. Иванов вели дека таквото барање се коси со сите меѓународни начела за регулирање на односите меѓу државите и не е прифатливо кога две третини од земјите-членки на ОН ја признаа земјата под уставното име. Тој додава дека барањето за „географски“ одредници може да задира во идентитетот на народот, па затоа тоа изгледа несоодветно. Иванов вели дека Македонија бара фер решение во кое ќе нема победници ниту поразени, решение кое ќе го заштити достоинството на двете држави и нивните народи.
XS
SM
MD
LG