Достапни линкови

Зголемени тензии меѓу Грција и Турција


Грчкиот министер за одбрана, Евангелос Венизелос изјави дека провокацијата на турски авиони во Егејското Море и Медитеранот нема да остане без одговор. Тој вели дека во Егејот се води „војна на нерви“ и дека за сега Грција покажува стратешка сталоженост но нема до останат без одговор. Ваквиот комнтар следува по по зачестените инциденти во изминатите четири дена кога турски воени авиони во повеќе наврати навлегувале во грчкиот воздушен простор. Грција ја повика Анкара да го почитува меѓународното право.
XS
SM
MD
LG