Достапни линкови

logo-print

Политичка гонење на поранешните министри во Украина?


Поранешниот украински министeр за внатрешни работи, Јури Лутшенко денеска изјави дека случајот против него за злоупотреба на службена должност е политички исцениран. Тој вели дека е отворен случај само поради неговата политичка и полициска работа.
Лутшенко е втор министер од владата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко за кој е отворена истрага за злоупотреба. Минатиот месец, чешките власти го задржаа во притвор поранешниот украински министер за економија по налог на украинската полиција.
XS
SM
MD
LG